Давид Митов Нилсон и понатаму останува во Шведска, но се чини ќе ги брани боите на друг клуб.

Медиумите од оваа скандинавска земја јавуваат дека Норчепинг и Хелсинборг подготвуваат размена на голманската позиција, со тоа што нашиот Митов Нилсон ќе замине во Хелсинборг, а во спротивна насока би пристигнал Кале Јоелсон.

Се чини дека ова би било добар потег за Нилсон, со тоа што досега во Норчепинг не добиваше многу шанси помеѓу стативите. Нилсон има уште шест месеци од својот договор со клубот.

Во 2015-та година Митов Нилсон одлучи да ги брани боите на нашата фудбалска репрезентација, но поради неговиот статус на втор голман во клубот, досега настапи само еднаш за македонската селекција.

Во тоа време постоеше надеж дека токму Митов Нилсон е решението на голманската позиција за репрезентацијата, но Столе Димитриевски со одлични партии си го зацементира своето место помеѓу стативите.