Репрезентативецот на Македонија, Давид Митов Нилсон од следната сезона ќе го чува голот на Сундсвал, ова по размената  на голмани на два клуба.

Нилсон оди во Сундсвал, од таму во Норчепинг оди Маик Сема . Нилсон има договор за една сезона со можност за продолжување.

Нашиот репрезентативец ќе дебитира во дресот на Сундсвал на 10. август против екипата на Остерсунд.