Младата македонска репрезентација до 21 година на 14 ноември ја очекува најтешкиот испит во квалификациите за Европското првенство, бидејќи гостува кај фаворитот Шпанија.

Селекторот на „црвената фурија“ Луис Де Ла Фуенте го објави списокот на играчи и на истиот се наоѓа младата ѕвезда на Барселона, Ансу Фати. Фати сезонава влезе во очите на фудбалската јавност по извонредните настапи и голови за шпанскиот гигант.

Покрај него на мечот со Македонија се повикани и имиња како Абел Руиз, Феран Торес и Фран Белтран.