Во полн состав, македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за последните два квалификациски натпревари од циклусот за ЕУРО 2020 против Австрија на гости  и Израел  во Скопје (19. ноември, Национална арена „Тодор Проески“).

Никола Ѓорѓев порачува дека треба да одиграме храбро, нема зошто да се плашиме  од Австрија.

 

Треба да излеземе храбро на теренот, сите заедно како тим и да ги завршиме квалификациите со што е можно подобрар резултатат. Знам дека не треба да се плашиме од Австрија, иако го знаеме нивниот квалитет, но и ние имаме добри фудбалери и ќе ја чекаме шансата. Ќе видиме како ќе изгледаме тактички, но треба да бидеме трпеливи и доколку ни се укаже шанса да ја искористиме максимално“-изјави Никола Ѓорѓев.

Марио Младеновски, младиот дефанзивец на Вардар вели дека ќе биде исклучително мотивиран и среќен доколку добие шанса за настап.

„Чест е ако добијам шанса на еден од двата натпревари. За еден млад фудбалер многу значи ако добие прилика да игра пред полн стадион. Во овие два меча треба да влеземе максимално мотивирани за да ги добиеме. Првиот меч со Австрија ќе биде тежок, имаат одлични фудбалери, но ние ќе се обидеме да го дадеме максимумот“ – изјави Младеновски.