Младинскиот репрезентативец на Србија и фудбалер на Фиорентина Алекса Терзиќ синоќа се најде во крајно непријатна ситуација.

Имено, вчера во Белград во вечерните часови во возилото на Терзиќ беше удрено од  две лица кои потоа излегле и се обиделе да го киднапираат фудбалерот кој бил сам во автомобил. Сепак, тој успеал да се отргне од нив и избегал, додека автомобилот бил украден од лицата кои подоцна биле фатени од полицијата.

Мотивите засега се непознати, а во записникот од случајот наведено е дека автомобил марка „АУДИ“ удрил во автомобилот на фудбалерот „БМВ“, во кое тој бил сам.

Терзиќ летово за трансфер од 1.5 милиони евра премина од Црвена Звезда во Фиорентина.