19 годишниот напаѓач Брајан Броуби пред два месеци потпиша за РБ Лајпциг. Негов менаџер е контроверзниот Мино Раиола кој се грижи и за кариерите на Златан Ибрахимовиќ, Матајс Де Лихт и други бројни фудбалски ѕвезди.

Раиола на Броуби му договори трансфер во РБ Лајпциг по истекувањето на договорот со Холанѓаните, а младиот напаѓач го избрал тој клуб поради тренерот Јулијан Нагелсман.

Сега се случи пресврт. Нагелсман неодамна потпиша договор со Баерн Минхен и од следната сезона нема да го води Лајпциг. Ова многу го разочарало Броуби, што дури не сака да оди во Лајпциг, иако договорот е потпишан.

Во Амстердам сега работат на враќање на играчот кој се уште не ни отишол во Германија.

„Би сакал да го задржиме. Директорот Марк Овермарс работи на тоа“– изјавил тренерот на Ајакс, Ерик Тен Хаг.