Американската професионална фудбалска лига, МЛС го објави датумот кога сезоната повторно ќе се рестарира по паузата предизвикана од пандемијата на Коронавирусот.

МЛС повторно ќе започне на 8.јули, а сите клубови ќе бидат стационирани во одморалиштето Волт Дизни на Флорида каде ќе се доиграат преостанатите натпревари.

„Задоволни сме што се договоривме со Дизни за продолжение на сезоната во МЛС лигата. Можноста да ги имаме сите 26 клуба во мало опкружување ни овозможува да помогнеме да го заштитиме здравјето на нашите фудбалери, тренери и персонал додека се нормализира состојбата. Тимовите ќе се упатат кон Орландо со на 24 јуни, а исто така тие се приморани да пристигнат не подоцна од седум дена пред нивниот прв натпревар“– рече комесарот на МЛС, Дон Гарбер.