Многумина беа изненадени кога неодамна го видоа аргентинскиот судија Фернандо Андрес Рапалини на мечот на Европското првенство, Украина – Македонија (2:1) во Букурешт, а му помагаа и Аргентинците Хуан Пабло Белати и Диего Јамил Бонфа.

Сега Рапалини уште еднаш доби шанса да ја дели правдата многу далеку од дома, имено ќе го суди натпреварот помеѓу Хрватска и Шкотска во Глазгов, што ќе биде клучно за пласманот во нокаут фазата.

Логично е натпреварите на Евро да ги судат европски судии, но Рапалини доби шанса по договорот на УЕФА со јужноамериканската конфедерација Конмебол за размена на судии.

Затоа аргентинското трио судии суди на евра, а судијата од Шпанија, Хесус Гил Манзано, ќе ја дели правдата на Копа Америка.