Како што пишуваат медиумите од Шпанија, Лука Модриќ летово се сели во Интер од Реал Мадрид, во обратен правец оди дефанзивецот Милан Шкрињар.

„El Desmarque“ од Шпанија го најави овој сензационален трансфер со размена на играчи, Шкрињар веќе подолго време е желба на Реал Мадрид.

Според најавите,Шкрињар нема да ја одбие понудата од „кралевите“ и дека со задоволство би ја сменил клупската средина.

Интер веќе подолго време сонува за Модриќ, овој трансфер може да стане реалност во летниот преоден рок.

Шпанските медиуми тврдат дека усмен договор веќе е постигнат и се чека летниот преоден рок.