Капитенот на хрватската фудбалска репрезентација, Лука Модриќ, имаше посебна врска со Зинедин Зидан и затоа е искрено тажен што овој великан го напушта кормилото на Реал Мадрид.

„Господине, ми беше огромно задоволство да работам со вас и да победам. Ти си најдобар. Ви посакувам многу среќа“, рече Модриќ.

„Кој и да дојде на местото на Зидан ќе има тешка задача затоа што да се надминат моќните трофеи што ги освои за само неколку години е навистина подвиг за паметење“, додаде Модриќ.