Хрватот Лука Модриќ се приклучи на голеиотм број свои колеги и тренери кои изминатиов период го кренаа гласот против згуснатиот календар на натпревари кои го форсира УЕФА, истакнувајќи дека тоа го загрозува здравјето на фудбалерите.

 „Играме огромен број натпрвари, речиси секој втор- трет ден“, предупреди Модриќ.

 

Тие (од УЕФА) постојано сакаат повеќе натпревари, повеќе турнири, а никој не прашува за здравјето на фудбалерите. На редовните повреди, дополнителен број играчи ќе се повредат и потоа да ве прашам кој ќе ги игра тие натпревари?“, додаде  Модриќ.