„Ќе ви кажам што правам пред натпревар“- кажа Модриќ во најава на видео снимено во соблекувалната на Реал Мадрид, во која исти тајни открија и Давид Алаба и Лукас Васкез.

Реал Мадрид објави кратко видео со истакнатата тројка, во кое тие ги отвриваат навиките кои ги имаат пред излегување на теренот. Капитенот на Хрватска така ги запозна фановите со своите невообичаени постапки кои ги повторува кога се подготвува за натпреварите.

„Прво што правам пред излегување на терен на загревање е чекор со левата нога, а пред загревање секогаш ги вадам прстенот и ланчето. Пред да и ставам ги бакнубам штитнице за потколениците на кои се фотографии од моето семејство. И тоа е тоа“- кажа Модриќ и додаде:

„Кога одиме на гостување, сакам со себе да го имам својот iPad, да гледам серии и слушан музика на својот телефон. Каква музика? Тоа подобро да не знаете.“