Манчестер Јунајтед и Ливерпул го одиграа одложениот натпревар од Премиер лигата кој требаше да се одигра на втори мај. Тогаш поради упадот на навивачите на Олд Трафорд натпреварот беше одложен за синоќа, а го добија гостите.

Навивачите на Манчестер Јунајтед се обидоа и вчера да го спречат одложувањето, поради судир со американските сопственици на клубот.

Играчите на Ливерпул на загревање излегоа со исти маици и со тој потег одлучија да му оддадат почест на трагично починатото деветгодишно дете Џордан Бенкс, кој пред два дена загина кога го погодил гром.

Бенкс бил на тренинг на игралиштето на Блекпул кога се случила големата трагедија која го шокираше светот.

Џордан Бенкс во текот на локдаунот ја допре цела Англија затоа што им полицајците во Блекпул и екипите на терен секојдневно оставајќи им на автомобилите сендвичи и сокови.

Во Ливерпул одлучија да му оддадат почест и сите носеа дресова со името Џордан и бројот седум.

Од малиот Џордан на Твитер се збогуваа и фудбалскиот клуб Ливерпул, како и фудбалерот на црвените Џејмс Милнер.