Долго се чекаше овој момент на Камп Ноу долго се чекаше, конечно се враќа Ансу Фати, кој долго време беше отсутен поради повреда.

Поради тоа го пропушти и Европското првенство, а денеска од 16:15 во мечот против Леванте, би требало конечно да заигра, бидејќи Роналд Куман реши да му даде шанса.

Сепак, нема да стартува, но според шпанските медиуми сигурно ќе добие барем 15 минути.

Исто така, на Камп Ноу прв пат после 13 години во дресот на Барселона прв пат ќе појави играч кој ќе го има бројот 10, а да не биде Лионел Меси.

По заминувањето на Меси во ПСЖ, култниот број со број 10, кој носи голем притисок, го зема Фати.

До повредата минатата сезона, Фати запиша 10 меча во дресот на Барса, но на нив има одличен ефект од пет голови и четири асистенции.