Француски Монако, наводно му понуди на напаѓачот на Наполи, Дрис Мертенс двегодишен договор, и далеку поголема плата од онаа која ја зема во тимот од Неапол.

Договорот на Мертенс истекува по крајот на сезоната, а во Наполи е цели седум години. Сепак, Мертенс пред еден месец јавно стави до знаење дека останува на „Сан Паоло“ и задоволен од својот статус во тимот.

„Кориере дело Спорт“ пишува дека Мертенс во Монако ќе заработува пет милиони евра по сезона, а во моментот во Наполи заработува три милиони годишно.