Во Монако се очекува брза промена на тренерската позиција. Сегашниот тренер Леонарду Жардим се очекува да замине веднаш по денешната средба меѓу Монако и Лил, во рамките на 19. коло на Лига 1.

Раководството на Монако веќе имало средба со поранешниот тренер на ПСЖ и на француската репрезентација, Лорен Блан, но, како што пишува Foot Mercato, засега нема договор.

Сепак, Блан не е единствениот кандидат за нов тренер на Монако. Тука се уште и тренерот на Рен, Жуљен Стефан, и поранешниот тренер на Валенсија, Марселино.