Француски Монако ги започнал преговорите со Јувентус за купување на Матуиди и Ругани, пренесува Л`Екип.

Откако Рома се насочила кон ангажманот на Ловрен а островските клубови не ја искористија шансата за купување на Матуиди, екипата од кнежевството планира да си ја проба среќата во обидот да се засили со двоецот на „Старата Дама“.

Купувањето на Де Лихт значи дека Ругани нема да добие голема минутажа во новата сезона од Сари а Матуиди секако не е играч по стандардите на новиот тренер на Јуве, тврдат медиумите од Апенините.

До крајот на оваа недела се очекува официјална понуда од Монако до Јувентус иако неизвесно е дали Матуиди ќе сака да се врати во Франција каде предходно играше за ПСЖ.