Дамир Скомина повеќе нема да суди на фудбалските натпревари. Оваа вест ја пласираат низа словенечки портали, наведувајќи дека угледниот фудбалски судија е приморан да стави крај на кариерата поради повреда на коленото, додавајќи дека веќе имал нова работа.

Како што пишуваат тие, тој ја преземал позицијата спортси директор во словенечкиот третолигаш Изола.

Скомина судеше голем број натпревари во најсилните фудбалски натпреварувања, како и на Светското првенство во Русија, но и на европски првенства и Олимписки игри. Главен арбитар беше и во финалиња од Лигата на шампионите и Лигата на Европа.

Ќе остане запаметен и по тоа што прв ја искористи ВАР технологијата во натпреварите од Лигата на шампионите, но и како судија кој ја делеше правдата во најголемиот пораз на Барселона во историјата. Во прашање е четвртфиналето од Лигата на шампионите во сезоната 2019/20, кога Баерн Минхен победи со 8:2.