Интер минатата сезона ја освои титулата во Калчото по десет години чекање, но изгледа сепак за нив доаѓаат многу тешки времиња. ВО неколку наврати мораше да се договара со играчите околу платите поради големите финансиски долгови, а состојбата стана уште полоша поради пандемијата од Ковид 19.

Ла Газета Дело Спорт пишува дека клубот ќе мора од продажба на играчи да заработи најмалку 100 милиони евра како би издржале наредната сезона, а притоа би останале без речиси половина тим.

Ашраф Хакими е пред потпис со ПСЖ, а Интер од трансфер би можел да заработи 68 милиони евра фиксно, плус уште пет на име бонуси. Бенфика е заинтересирана за Жоао Марио, кој е надвор од тимот кој се подготвува за новата сезона. Бенфика е подготвена да плати осум милиони евра, но и тука постои еден проблем. Марио во Интер прејде од големиот ривал на Бенфика, Спортинг Лисабон, а во договорот стои клаузула дека пред евентуална продажба во Бенфика за иста сума мора да биде понуден на Спортинг.

Клубот би требало да го напушти и Раџа Наинголан. За Белгиецот не се очекува голема отштета, но Интер ќе се ослободи од товарот во неговата плата, која изнесува околу 150 илјади евра неделно. Тој има голема желба да се врати во Каљари, каде и беше позајмен минатата сезона, а за тоа е подготвен да прифати и многу помала плата. Сеедно Интер ќе бара некаква отштета, но точната цифра се уште не е договорена.

Валентино Лазаро и Далберт би требало заедно на Интер да му донесат околу 15 милиони евра. А Интер сака да се ослободи и од Андрија Пинамонти, но неговата годишна плата од 2.2 милиони евра е огромен проблем за евентуалниот следен клуб.