Моралот во спортот се манифестира со фер плеј игра, која што се постигнува со витешка борба. Почитувањето на правилата, судиите и противничката екипа може да се дадат како основа за тоа што ја дефинира фер плеј играта.

Вистинскиот играч со својот противник секогаш се поставува со почит и респект, како што се однесува со соиграчите од неговиот тим, но и спрема самиот себе. Фер плеј играч победата не ја користи за да се исмева на противникот, а поразот го прифаќа со крената глава, давајќи рака на ривалот.

Вредностите на фер плеј играта се градат и се пренесуваат од тренерот, кој што е столбот на тимот.

Фудбалот е игра каде најдобри резултати постигнуваат тие екипи кои кај своите извонредни фудбалери ја имаат вбризгано најбитната карактеристика, тимскиот дух. Желбата за соработка и постојано учење кај играчите ја олеснува целосната работа на тренерите. Во голем број случаи фудбалерите знаат да реагираат во афект, каде е потребно брзо стишување на ситуацијата со цел да се одржи хармонијата на играта.

Колку фер плеј игра помеѓу две соседни држави е навистина изводлива?

Натпреварот помеѓу нашата репрезентација и репрезантицајата на нашиот сосед Косово ќе има за задача на 26 март да докаже дека фер игра навистина постои.

Европското првенство 2020 е исклучително важно за Европа, но и за Македонија и македонската репрезентација. Силите на двете екипи, Македонија и Косово, ќе се мерат со ум, стратегии и фер плеј игра.

Феноменалните фудбалери на македонската репрезентација ќе се трудат да го задржат истото темпо на игра, а навивачите со исти сили ќе продолжат да ги бодрат нашите витези.