Атлетико Мадрид се согласи да плати 56 милиони евра на лондонски Челзи за да го откупи комплетно договорот на ѓпанскиот фудбалски репрезентативец Алваро Мората.

Шпанскиот напаѓач кој не се прослави на „Стенфорд Бриџ“ во зимскиот преоден рок беше испратен во Атлетико Мадрид на позајмица до 2020 година.

Официјално  наредната сезона Мората ќе се води како позајмен играч од Челзи, додека трансферот ќе биде регистриран на почетокот на сезоната 2020/2021.