Поранешниот претседател на Интер, Масимо Морати, за медиумите во Италија изјави дека е невозможно да се предвиди конечниот исход на дербито в недела во Милано.

Интер и Милан в недела ќе одиграат уште едно големо дерби, Морати смета дека ќе биде неизвесно.

„На хартија интер фаворит, во пракса, никогаш не знаете што може да се случи. Мислам дека еден гол може да го реши дербито. Штета што нема да игра Мартинез в недела“ – изјави Морати.

Дуелот меѓу Интер и Милан в недела се игра во вечерниот термин од 20-45 часот.