Првиот човек на Дерби Каунти, Мел Морис демантираше дека Челси ги контактирале околу можност нивниот тренер Френк Ламард да го преземе кормилото на „сините“.

Заминувањето на Сари од стручниот штаб на Челси предизвика низа шпекулации на островото. Според дел од англиските медиуми, Лампард е прв фаворот за насленик на Сари но од неговиот моментален клуб негираат дека досега добиле понуда за раскин на договорот со поранешниот репрезентативец на „Гордиот Албион“.

„Сите мора да знаат дека ние сакаме долгогодишна соработка со Лампард и немаме намера лесно да се откажеме од неговите услуги. Ако Челси го сакаат, сигурно нема да го добијат на поклон. “ – изјави Морис.