Џенова со девет играчи го заврши мечот со Лече, освои бод со нерешените 2-2, Пандев постигна неверојатен гол, пред крајот доби и црвен картон.

Тренерот на Џенова, Тиаго Мота, беше импресиониран од играта и залагањето насвоите играчи, го пофали и Горан Пандев.

„Горд сум на моите играчи, одигравме одлично со 11 на 11 на теренот, Пандев беше неверојатен денеска како и сите останати играчи, заслуживме бод , можевме да освоиме и три“ – изјави Мота по оваа средба.

Џенова се бори за опстанок во калчото, се наоѓа во долниот дел од табелата, на 18. место со 11 бода, во зоната на испаѓање.