Тренерот на Џенова и поранешен соиграч на Пандев од времето во Интер, Тиаго Мота уште еднаш го издвои нашиот репрезентативен капитен и неговите квалитети.

„Не би рекол дека Панде е препороден, тој во текот на целата кариера покажува дека е одличен фудбалер и сега повторно го потвруда тоа. Пандев е одличен играч кој не работи само во нападот туку помага и во одбраната. Среќни сме што го имаме и мислам дека можеме да го користиме многу повеќе во поврзувањето на линиите.“ – изјави Мота.

Наполи и Џенова вчеравечер одиграа 0:0 во Серија А а Пандев играше 80 минути со капитенската лента на раката.