На неколку часа до почетокот на историскиот меч во Тбилиси на кој  Македонија бара историски пласман на Европското првенство, во тек е изјаснување на читателите на официјаниот сајт на Уефа  кој ќе биде поуспешен вечерва.

Според анкетата, читателите на УЕФА.ком ги сметаат Грузијците за големи фаворити во дуелот со Македонија.

Анкетата покажува дека во успех на Грузијците веруваат 69 отсто, додека Македонија ја има поддржката од 31 отсто од анкетираните.

Дополнителен мотив за Пандев и соиграчите да докажат дека анкетите не секогаш се во право.