Арсенал ќе го пречека Тотенхем во дербито на 4 коло од Премиер лигата. Напаѓачот на Тотенхем, Лукас Моура е добар пријател со новото засилување на Арсенал, Давид Луиз и ќе биде интересно да се види нивниот дуел на теренот.

Според Бразилецот, Арсенал добиле одлично засилување во искусниот стопер со кој редовно се дружи уште од времето кои заедно играа во ПСЖ.

„Во недела тој ќе биде мој противник. Јас ќе го дадам мојот максимум за тимот да дојде до трите бода. Нашето пријателство го оставам за надвор од теренот.“ – изјави Лукас Моура.

По три комплетирани кола, Арсенал е трет на табелата со шест бода, Тотенхем е седми со два помалку во однос на „топџиите“.