Ливерпул и Манчестер Сити денеска го играат дербито на сезоната во Англија. „Црвените“ влегуваат од лидерската позиција со 6 бодови предност во однос на денешниот опонент, кој се надева дека со победа ќе се врати целосно во игра за шампионската титула.

Ако се гледа статистиката на Ливерпул на домашен терен „Граѓаните“ тешко дека можат да се надеваат на целиот плен, бидејќи „црвените“ на Енфилд не се поразени цели 900 дена, последен пораз на Ливерпул дома беше од Кристал Палас, во април 2017 година. Покрај оваа статистика, Пеп Гвардиола за овој дуел нема да може да смета на столбот на одбраната Лапорт, а под знак прашалник се шпанските играчи за врска Родри и Давид Силва.

Мечот на „Енфилд Роуд“ започнува од 17 часот и 30 минути.