Во италијанските медиуми се шпекулира дека Јувентус веќе на лето може да ја прекине соработката со Маурисо Сари, доколку не освои еден од трофеите во Лигата на шампиони или Серија А.

„Старата дама“ изминатото коло доживеа неочекуван пораз од Верона од 2-1, иако имаа предност. Ова за нив е трет пораз сезонава, кикс кој Интер го искористи и се искачи на лидерската позиција во Серија А. Поранешниот тренер на Наполи беше доведен како би се променил стилот на игра на Јувентус, но засега од такво нешто нема ништо, напротив Јувентус сезонава на одредени натрпевари не личеше на тим кој има такво реноме и историја.

Како замена за Сари се споменува доскорашниот тренер Масимилијано Алегри за кого некои луѓе од раководството на Јувентус бараат да се  врати на клупата на италјанскиот гигант.

Алегри по отказот во Јувентус се поврзуваше со тимови од рангот на Барселона, Реал Мадрид, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Тотенхем, но тој одлучи една сезона да одмори од тренерската работа.