На арената „Тодор Проески“ во Скопје, попладнево од 14 часот ќе се одигра најатрактивниот ренваш од четвртфиналето од Купот на Македонија.

Работнички брани 1:1 против Шкендија со желба за минимална победа или реми без голови за пласман во полуфиналето а со тоа и задржување на шансите за европска пролет, со оглед на позицијата која ја имаат „романтичарите“ во ПМФЛ.

Двата тима немаат пораз во 2020 година. Шкендија има одличен скор на гостувањата во Скопје, на последните пет дуели со Работнички на „Тодор Проески“ има пет победи.

Четвртфинални двојки, Куп на Македонија:

14:00 Работнички – Шкендија (1:1)
14:00 Академија Пандев – Шкупи (1:0)
14:00 Ренова – Струга ТЛ (0:0)
14:00 Лабуништа – Брегалница (0:1)