Иако веќе речиси сите го прогласија за готов, има голема веројатност трансферот на Џек Грилиш од Астон Вила во Манчестер Сити, вреден 100 милиони евра сепак да пропадне односно да не се случи.

Ова го потврдува и италијанскиот новинар Фабрицио Романо, кој важи како најинформиран кога се трансферите во прашање.

„Ако Манчестер Сити не потпише со Џек Грилиш оваа недела, тој е подготвен да потпише нов договор со Астон Вила. Наредните неколку часа ситуацијата ќе биде чиста, но во Сити се уверни“– вели Романо.