По завршувањето на последната рунда на квалификации за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите, за денеска од 17 часот е закажана ждрепката по која ќе бидат познати сите групи за новата сезона во елитата на УЕФА.

Можни се повеќе „групи на смртта“ од кои ја издвојуваме можноста во иста конкуренцијата играат со Баерн Минхен, Барса, Интер и Марсеј.

Новата сезона во ЛШ треба да започне на 20 и 21 октомври а групната фаза да заврши на 9 декември.

Ова се четирите барабани од кои ќе бидат извлечени групите.