Завршницата од овогодишешното издание на фудбалската Лига на шампионите започнува денеска со реваншот на „Етихад“ меѓу Манчестер Сити и ПСЖ.

„Граѓаните“ бранат предност од 2:1 по победата во Париз, а Гвардиола верува дека тимот е доволно зрел за прво финале во елитата.

Без никакви проблеми по однос на повредени или суспендирани, домаќините се фаворити во пресметката со „Принцевите“ кои пак во Англија допатуваа без Бернат, Геје додека Мбапе е дел од тимот на Покетино но најверојатно нема да игра од првата минута.

Можни почетни состави за дуелот Сити – ПСЖ според УЕФА: