Синиша Михајловиќ следната сезона би можел прв пат во кариерата да води клуб надвор од Италија. Иако се уште никој не му пратил службена понуда, англискиот премиерлигаш Кристал Палас е заинтересиран за 52 годишниот Србин, пишува „tutobolognaweb.com“.

Истиот медиум потсетува дека клубот од Лондон го сакаше Михајловиќ за менаџер пред неколку години, додавајќи дека друг кандидат за клупата е легендарниот Патрик Виеира.

Кристал Палас во моементов е 13-ти во Премиер лигата и работата на Рој Хоџсон не е загрозена, но договорот на 73 годишниот тренер истекува на крајот од сезоната и непознато е дали ќе сака да продолжи кариерата.

Михајловиќ речиси целиот тренерски век во мина во Италија, а првата самостојна работа ја доби баш во Болоња, каде се врати повторно во 2019-та година. Досега водел само италијански клубови, а краток период беше и селектор на Србија. Летото 2018-та година потпиша договор со Спортинг Лисабон, но доби отказ само девет дена подоцна, откако во клубот дојде нова управа.

Со Болоња има договор до 2023 година, но веќе говореше дека би сакал да се проба во Премиер лигата.