Многу големи клубови веќе почнаа да го планираат летниот преоден рок, а меѓу нив е и Челзи кој летово ќе тргне по нов голман.

Кепа Аризабалага беше избришан од позицијата прв голман уште додека тренер беше Френк Лампард, а го замени Едуард Менди кој пристигна од француски Рен, но Томас Тухел сака уште поголемо име на голот.

Управата на клубот се сложила со германскиот тренер и одобрила да се тргне по младиот италијански голман на Милан. Речиси сите најчитани медиуми во Италија објвауваат дека Челзи припремил „монструозен договор“ за Донарума.

Милан прави се што може Џанлуиџи Донарума да потпише нов договор, како на лето не би го изгубиле без пари, но не се единствени кои се борат за неговиот потпис. Челзи на Италијанецот е подготвен да му понуди договор вреден 10.5 милиони фуднти годишно. Покрај англискиот клуб, во борба за потписот на Донарума е и ПСЖ, кои исто така можат да му понудат повеќе пари од Милан.