МТВ е во преговори со Аренаспорт за проширување на соработката која започна со договорот за ТВ преноси на ПМФЛ од оваа натпреварувачка сезона.

Дриблинг.мк неофицијално дознава дека МТВ и Аренаспорт се во завршни преговори окулу можност на нашиот национален сервис да се пренесуваат и по еден меч од коло од фудбалските првенства на Италија и на Франција.

Ова нема да биде прв пат во историјата на МРТВ да се пренесуваат мечеви од Серија А и од Лига 1 откако пред дваесетина години на националниот сервис ги гледавме натпреварите од најсилната лига во Италија и во Франција.

Засега останува непознато дали МТВ ќе успее да најде заеднички јазик со Аренаспорт за пренос на натпреварите од ракометната Лига на шампионите на ЕХФ.