Крилниот напаѓач на Челси, Вилиан останува една од примарните трансфер цели на Барселона за летниот преоден рок.

„Мундо Депортиво“ открива дека формата на Гризман и проблемот да се прилаготи на стилот на игра на клубот од „Камп Ноу“ е главната причина за барање на нов играќ кој би конкурирал за почетниот состав.

Дембеле не ги исполнува стандардите на Барселона, Гризман тешко се прилагодува, Суарез е далеку од врвна форма па затоа следното лето ќе биде револуционерно за каталоците.

За Вилиан покрај Барселона заинтересирани се и Јувентус и Баерн Минхен.