Бразилецот кој на „Камп Ноу“ пристигна како директна замена за Нејмар е во непријатна ситуација.

До адресата на Барселона до денес не пристигнала ниту една официјална понуда за играчот кој нема иднина во клубот кој го донесе за 150 милиони евра пред една година, ова го тврди „Мундо Депортиво“ .

Ангажманот на Гризман во Барселона дополнително ги потврдува најавите дека управата на каталонскиот гигант не е задоволна од формата на Кутињо и се очекува ова лето да се обиде да го продаде. Кутињо има уште четири години од договорот со Барселона.

Кутињо се поврзува со трансфер во ПСЖ, Манчестер Јунајтед но и со евентуално враќање во Ливерпул.