Лацио е последниот клуб кој се вклучува во трката за потпис на Хрватот Иван Ракитиќ од Барселона кој со сигурност летово ќе ја смени клупската средина.

Ракитиќ сака да го одработи договорот со Барселона кој му завршува во јуни 2021 година, сепак Хрватот има многу понуди, последната од Лацио.

Севилја, Атлетико Мадрид, Манчестер Јунајтед и Наполи покажаа сериозен интерес за Ракитиќ.

Лацио го бара Рактиќ како замена за Милинковиќ- Савиќ, Србинот извесно е дека ќе го напушти клубот од Рим.

Барселона ја одреди цената за Рактиќ, таа изнесува 20 милиони евра, но поради кризата предизвикана од коронавирусот с ечини дека ќе падне на 15 милиони.