Лионел Меси шести пат во кариерата ќе ја освои „Златната Топка“ пренесуваат медиумите од Шпанија.

Според „Мундо Депортиво“ на Аргентинецот вчера му било соопштено дека на 2 декември тој ќе се закити со престижната награда.

Капитенот на Барселона заедно со Кристијано Роналдо од Јувентус и со Вирџил ван Дијк од Ливерпул се во најтесниот избор за „Златната Топка“.

Меси минатата сезона ја освои 10 титула во Ла лига со Барселона постигна 36 гола и запиша 13 асистенции.