Марсело Брозовиќ се уште го нема продолжено договорот со Интер, кој истекува на крајот на сезонава.

Шпанскиот весник Мундо Депортиво потенцира дека причината поади која Брозовоиќ го одбил новиот договор е Атетико, кој би сакал да го донесе како слободен играч, а Хрватот би немал ништо против да замине од Калчото и не бил ладен кон интересот од Мадрид.

Директорото на Интер Бепе Барот, оваа недела кажа дека клубот и Брозовиќ се многу далеку од договор, но дека верува дека се ќе биде решено.

Хрватскиот репрезентативец заработува 3.5 милиони евра годишно во Интер, а за останување бара покачување на платата на шест милиони. Миланскиот клуб не е подготвен да му понуди толку, но Атлетико може да му го даде бараното.

Мундо Депортиво пишува дека Диего Симеоне во него гледа потенцијал наследник на Саул Нигуез, кој ова лето замина на позјамица во Челзи, иако англиските медиуми тврдат дека лондонскиот клуб веќе одлучил дека нема да го задржи Шпанецот. Истиот извор смета дека Челзи накрајот наместо Саул може да го доведе токму Брозовиќ.

Иако хрватскиот ас има и други понуди, ако на крајот се сведе на овие два клуб,неговата иднина ќе зависи од идината на Саул.