Барселона до крајот на Пример, каде останаа уште две кола, само математички може да го освои првенство. На две кола до крајот имаат четири бода помалку од Атлетико, а имаат и полош меѓусебен дуел со тимот на Симеоне, а заостануваат и два бода од Реал Мадрид. Што значи и самите се свесни дека првенството оваа година е изгубено.

Во Лигата на шампионите пак испаднаа уште во првата нокаут рунда, а посебно болен беше домашниот пораз со 1:4 од ПСЖ.

Барселона веќе неколку годни е само сенка од клубот кој не толку одамна беше синоним за најубавиот и најубоит фудбал на светот. Тим кој нижеше трофеи, сега мора да се задоволи со освојување на Купот на кралот.

Поради тоа управата на клубот, на чело со новиот претседател Хоан Лапорта, одлучи да направи тотален ремонт во соблекувалната.

Каталонскиот весник Мундо Депортиво пишува дека управата одлучила дури на 14 играчи да им дозволи да го променат клубот, а покрај планираните засилувања, примарна цел е да се наговори Меси да остане.

Мундо Депортиво пишува дека станува збор за 14 играчи, а седум ги именуваше, тоа се: Миралем Пјаниќ, Нето, Самуел Умтити, Жуниор Фирпо, Матеуш Фернандеш, Фелипе Кутињо и Мартин Брајтвајт. Статусот на останатите играчи не е до крај дефиниран, но секако продажбата доаѓа во предвид ако дојде добра понуда.

Истиот извор пишува дека четири играчи доаѓаат во Барселона. Ерик Гарсија ќе се придружи на клубот по оваа сезона, а клубот преговара со Серхио Агуеро, Мемфис Депај и Џеорџинио Вајналдум.

Исто така, уште не е познато каква е судбината на Роналд Куман на клупата на гордоста на Каталонија.