Нејмар сигурно го напушта ПСЖ ова лето, речиси извесно е дека репрезентативецот на Бразил ќе се врати во Шпанија, покрај Барселона сега  и Реал се вклучи во трката за потпис.

Според „Мундо Депортиво“ кралскиот клуб понудил 130 милиони евра за Нејмар  и еден играч по избор, на потег е ПСЖ кој иако плати 222 милиони евра за бразилскиот репрезентативец се чини дека може да стигне до бројка на милиони која нема да го стави тотална негатива.

Реал покрај 130 милиони ги нуди Бејл и Родригез кои не се во планот на Зинедин Зидан за следната сезона. Жешко ќе биде ова лето кога е во прашање Нејмар.