Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо ги поздрави сите дежурни критичари и новинари кои јавно го напаѓаат за стилот на игра кој го практикува во Тотенхем.

Тимот од Лондон славеше во дуелот со Кристал Палас со 4:1 и со ова покажа поинаков пристап во однос на организацијата на нападите.

Мурињо по натпреварот потсети дека ова е само еден добар чекор кој треба да биде мотив плус за следните предизвици.

„Ако статистиката која ја добив е точна, постигнавме 100 гола досега оваа сезона, што за многу дефанзивен тим, негативен, не е лошо нели? Ова беше добра недела за нас. Се обидуваме да победуваме на што е моно повеќе натпревари и да освоиме повеќе поени. Треба да продолжиме да работиме, заедно да ги надминуваме сите тешки периоди и проблеми со кои се соочуваме.“ – вели Мурињо