Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, лично присуствуваше на вчерашната средба меѓу екипите на Баерн и на Лајпциг, која заврши без голови.

Да се виде со свои очи е многу важно. Јас гледам на ситните детали, дури и при загревањето. Го гледам тоа што на телевизија не можам да го видам. Следам како се загреваат играчите, што прават индивидуално, ги следам нивните навики. Едноставно не можев да ја пропуштам оваа можност“.

Тотенхем и Лајпциг ќе се сретнат во осминафиналето на Лигата на шампионите.