Жозе Мурињо е неверојатен по многу нешта, неговите изјави секогаш се интересни и провокативни, Португалецот имаше што да им порача на колегите менаџери од Премиерлигата.

Премиерлигата се подгтовува за рестарт на сезоната, има многу за и против, Мурињо е еден од оние кои сакаат сезоната да продолжи.

„Ако не сакате да продолжи сезоната во Премиерлигата седете дома и гледајте Бундеслига“ – изјави Мурињо.

Раководството на Премиерлигата бара начин сезоната да се доигра, оптимистичка најава е да продолжи најдоцна кон средината на јуни.