Мурињо денес доби отказ од Тотенхем, а поради предвремениот раскин на договорот со клубот Португалецот ќе добие и цело богатство.

Како што пишуваат медиумите од Англија, Мурињо ќе добие 23 милиони фунти отпремнина, значително помалку отколку што можел да добие, поради лошите резултати.

Мурињо заработуваше 12 милиони по сезона, а бонусите и отпремнината зависеа од резултатите што не ги постигнал. Според договорот што го имаше Мурињо со важност до летото 2023 година, Тотенхем ќе продолжат да му плаќаат сè додека не најде нов ангажман.