Бесарт Ибраими влева најмногу страв во редовите на Тотенхем, ова барем може да го заклучиме по информацијата на официјалниот стај на клубот од Лондон пред денешното соочување со Шкендија во Скопје.

Со помош на репортерот на Антена 5 од Македонија, Борис Пауновски, лондонскиот премиерлигаш собрал доволно информации за составот на Шкендија а ја слушнале и изјавата на Ибраими за Антена 5 радио.

Ибраими е свесен за квалитетот на противникот и вели дека е привилегија да се игра против Тотенхем.

„Знаеме кои се тие, каков квалитет на играчи имаат, но ние ќе дадеме се од себе и ќе видиме каде тоа ќе не однесе. Не сме под притисок но се надевам дека ќе направиме чудо.“ – вели Ибраими.