Мечот со екипата на Лајпциг (0:1) во осминафиналето на Лигата на шампионите за тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, е 150-ти натпревар во Лигата на шампионите.

Со тоа, Португалецот стана само четврти тренер во историјата на Лигата на шампионите, со 150+ натпревари во елитното клупско натпреварување. Пред него тоа им успеа уште само на Алекс Фергусон, Арсен Венгер и на Карло Анчелоти.

Притоа, Мурињо победи на 81 натпревар од тие 150, а повеќе има само Карло Анчелоти, 84.

Тотенхем е шестата екипа со која Мурињо раководи во плеј-оф натпреварите на Лигата на шампионите, по Порто, Челзи, Интер, Реал и Манчестер Јунајтед.