Тренерот на Тотенхем на прес-конференцијата пред средбата со Барнли одговори на прашањето дали би го ставил во тимот Жозе Мурињо од времето кога беше фудбалер.

„Балтимор Брито еднаш рече дека како фудбалер сум бил мрзлив и плачко. Точно е тоа, апсолутно точно. Фудбалерот Жозе Мурињо никогаш не би имал место во мојата екипа. Дали би го продал? Јас би го дал и бесплатно“.

Мурињо како играч за врска настапувал во екипите на Рио Аве, Белененси, Сезимбру и Комерсиу Индустри. Во 1987 година, на возраст од 24 години ја заврши својата фудбалска кариера и му се посвети на тренерскиот занает.